Macedonian English
Facebook
Skype
Вила Лидија се наоѓа во Охрид – туристичкиот бисер на Охридското крајбрежје, доволно оддалечена од градскиот метеж за да уживате во Вашиот мир, но сепак доволно блиску да сте во центарот на збиднувањата. Вилата ви нуди 5 студија и два еднособни апартмани, со обезбеден паркинг простор.
Вилата е оддалечена 10 минути пеш од центарот на градот, каде што можете да уживате во плажите, вечерните забави, концерти со сериозна, забавна или фолклорна музика, водни и спортски активности, галерии, културно-историски настани и знаменитости, големиот избор на ресторани.
За разгледување на Охридското крајбрежје на располагање ви се многубројните локални кајчиња и организираните тури со брод, туристички излети, а на оние со авантуристички дух им се нуди нуркање кај подводен археолошки локалитет. Љубезната и пријатна домаќинка Лидија секогаш ви стои на располагање за било какви информации.